Cüneyt Karadağ
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
БЕРЛИН (АА) - Во веста со наслов „Украинската одбрана се потпира на турската технологија. Оружјето на надежта, „Бајрактар““, се нагласува дека со турското вооружено беспилотно летало ТБ2 е уништена руска воена опрема на три континенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се наведува дека „Бајрактар“ успеал да го уништи противвоздушниот систем „Панцир С-1“ од руско производство во Сирија, Ерменија и Либија и дека во Украина уништил многу руска воена опрема.
Посочувајќи дека сѐ уште не е познат ефектот на ТБ2 врз текот на војната, во веста се вели: „Сепак, „Бајрактар“ им дава надеж на Украинците. Украинците дури пеат песни за „Бајрактар“, исмевајќи ги руските напаѓачи.“

Во веста, која вклучува и технички детали, се нагласува дека „Бајрајктар“ се користи од 2015 година и дека може да остане на оперативниот терен до 24 часа и оттаму може да испука муниција (меѓу 2,5 кг и 37,5 кг) со прецизно наведување.
Меѓу другото, во веста се забележува дека благодарение на висината на летот од повеќе од 7 километри, ТБ2 успева да ги избегнува противвоздушните системи.