Erbil Başay
11 Октомври 2024•Ажурирај: 17 Октомври 2024
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц се очекува следната недела да ја посети Туркије каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави денес германски официјален претставник, јавува Анадолу.
Ердоган ќе го пречека Шолц во турската метропола Истанбул на 19 октомври, по што ќе следува прес-конференција, изјави за новинарите во Берлин заменик владиниот портпарол, Волфганг Бухнер.
Бухнер рече дека не може да даде повеќе детали за содржината на средбата, истакнувајќи дека на дневен ред се очекува да бидат војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, како и миграцијата, билатералните односи и економските политики.
Тој рече дека војната во Украина ќе биде важна тема за време на посетата, нагласувајќи ја улогата на Туркије како „важен партнер“ по ова прашање.