Hakan Çopur
24 Август 2020•Ажурирај: 27 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Келиен Конвеј, главната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, најави дека кон крајот на месецот ќе ја напушти позицијата во Белата куќа поради семејни причини, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Конвеј, која е во најтесниот тим на Трамп од 2016 година и играше важна улога на местото главен советник во Белата куќа, во писмената изјава најави дека ќе ја напушти функцијата.
„Сето ова е мој избор и мој глас. Своите планови за иднината ги најавувам наскоро, но засега помалку драма и повеќе време за мајчинство и за моите драги деца“, порача Конвеј во изјавата.
Со оглед на приближувањето на претседателските избори во САД, американските медиуми пишуваат за тоа дека заминувањето на Конвеј, една од најсилните бранители на Трамп до денес, ќе влијае на изборната кампања на американскиот претседател.
Се очекува Конвеј денес да одржи говор на конгресот на Републиканската партија и да зборува за заминувањето од Белата куќа.