Nuri Aydın
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во јужниот дел на Филипините се случија два напада, во кои, според првичните сознанија, бројот на загинати се зголеми на 10 лица, додека 40 лица се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локалните медиуми, експлозијата, со која се претпоставува дека бил таргетиран воен шлепер, се случила пред работилница во градот Јоло, во индонезиската покраина Сулу.
Воените власти соопштија дека во овој напад загинале најмалку 10 лица, од кои 5 војници, додека 40 лица се повредени, од кои 18 војници.
Според јавувањата на локалните медиуми, се случил и втор напад на 100 метри од местото на првиот напад.
Сè уште не се знае дали има жртви или материјална штета од вториот напад.
Рекс Пејот, портпарол на Здружените сили на Сулу, во изјава за медиумите истакна дека војниците во оваа зона биле како испомош на владините претставници кои работат во рамки на борбата против Ковид-19.
Пејот нагласи дека е извршен тежок напад и дека моментално не може да даде детали.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но се претпоставува дека нападот е извршен од страна на терористичката организација Ебу Сајаф, поврзана со терористичката организација ДЕАШ.
Терористичката организација Ебу Сајаф од 1991 година делува на островите меѓу Малезија и Индонезија, и е позната по бомбашките напади, атентати и земањето заложници во самопрогласената борба за независнот на покраината Сулу.
Оваа организација во јужниот дел на Филипините извршува напади со цел формирање независна држава во Минданао и Сулу.