Aldıjana Hadzıc
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Голем број Парижани денес, во знак на сеќавање на 130-те загинати во серијата терористички напади извршени на 13 ноември 2015 година, пред зградата на Управата на 11. Округ пуштија десетици разнобојни балони, јавува Anadolu Agency (AA).
Зелени, плави, розеви балони, бои кои го симболизираат мирот, вечноста и љубовта се пуштени во воздух придружени со молитвите за душите на загинатите. На овој начинПарижаните од сите возрасти се одлучија да оддадат почест на загинатите, со надеж да не се повтори.
На зградадата на 11. Округ беа истакнати и голем број на знамиња на Франција.
Францускиот претседател, Франсоа Оланд, утринава ја отвори националната комеморација по повод годишнината од серијата терористички напади.
Еден од нападите се случи кобната вечер во салата Батаклан, која синоќа беше повторно отворена со концертот на музичарот Стинг. Цел на нападите беа и неколку ресторани и бар. Одговорноста за нападите презеде ДЕАШ, а во серијата напади повредени беа околу 400 лица.
Од десет напаѓачи одговрни за нападите на 13 ноември, преживеа само еден, Салах Абдеслам, фатен пред седум месеци, кој одбива да зборува.
По нападот, во земјата е воведена вонредна состојна, која според последната одлука е продолжена до мај 2017 година.