АНКАРА - Голем број земји од светот и дипломатски мисиии во Турција ѝ изразија сочувство на Република Турција по хеликоптерската несреќа во која 11 припадници на турската војска ги положија своите животи како шехиди во местото Татван во турската област Битлис, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по несреќата го побара министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изразувајќи му сочувство и истакнувајќи дека НАТО се солидаризира со Турција.
Сочувство по несреќата изразија и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, претседателот на Казахстан, Касим Чомерт Токаев и претседателот на Турската Репубика Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар.
Министрите за надворешни работи на Малта, Албанија, Азербејџан, Велика Британија, Грузија, ТРСК, Либија, Шведска и Венецуела изразија сочувство во име на своите држави.
И заменик-премиерот на Летонија и министер за одбрана, Артис Пабрикс, министерот за туризам и животна средина на ТРСК, Фикри Атаоглу и министерот за правда на Сомалија, Абдулкадир Мухамед Нур, го изразија своето жалење по повод несреќата.
Сомалискиот министер за правда, Нур, во објавата на социјалната мрежа Твитер, наведе дека со тага дознал за падот на хеликоптерот и напиша: „Болката на турската нација, која е покрај нас и во лошите денови, е и наша болка.“
Ајдин Маруф, министер одговорен за етнички и религиозни работи на регионалната Влада на ирачките Курди (IKBY) и член на Извршниот одбор на ирачкиот туркменски фронт, во изјава за Агенција Анадолија (АА) изјави: „Длабоко нè растажи веста дека 11 припадници на турската војска ги положија своите животи како шехиди во хеликоптерската несреќа што се случи во местото Татван во турската област Битлис. Од семоќниот Алах бараме милост за шехидите, а на нивните семејства, нивните најблиски и на Република Турција им изразуваме сочувство, со желби за брзо закрепнување на повредените.“
- Претставниците на странските мисии во Турција ги споделија своите пораки на сочувство -
И амбасадорите во Турција, претставници на странските државни мисии и меѓународни организации, дадоа изјави во врска со несреќата.
Британскиот амбасадор во Анкара, Сер Доминик Чилкот, на својот профил на социјалната мрежа Твитер, споделувајќи порака на сочувство на турски јазик, во која вели дека со голема тага ја примил веста за хеликоптерската несреќа во која 11 припадници на турската војска ги положија своите животи како шехиди, истакна: „Ја споделуваме болката со нашиот сојузник Турција и им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите и на цела Турција.“
Николаус Мејер-Ландрут, амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Турција, истакнувајќи дека ја споделуваат болката со Турција, истакна: „Како Делегација на ЕУ во Турција, до семејствата на оние кои ги загубија животите во несреќата, до нивните пријатели и Турција изразуваме длабоко сочувство, посакувајќи им на повредените брзо закрепнување.“
Виктор Матис, амбасадорот на Унгарија во Анкара во својата порака на сочувство рече: „И ние сме натажени што Република Турција, која е наш сојузник и во НАТО и надвор од него, загуби 11 војници во таа несреќа. Посакувам брзо закрепнување на повредените! Наше сочувство.“
Амбасадорите на Косово, Германија, Иран и Украина во Анкара и вршителот на должност амбасадор на Израел во Анкара, изразија сочувство на своите профили на социјалната мрежа Твитер.
Сочувство по повод несреќата на своите профили изразија и амбасадите на Канада, САД, Пакистан и Италија во Анкара.
Амбасадата на САД во Анкара, преку својот профил на Твитер, на турски и англиски јазик ја објави пораката: „Како Амбасада на САД, изразуваме најдлабока тага и сочувство за припадниците на турската војска кои ги положија своите животи како шехиди и за оние што беа повредени при падот на хеликоптерот во Битлис. Ја споделуваме болката со семејствата на загинатите во несреќата и им посакуваме брзо закрепнување на повредените.“
Багдад Амреев, генералниот секретар на Советот за соработка на земјите што зборуваат турски јазик (Турскиот совет), изјави дека со голема тага ја примил веста за смртта на припадниците на турската војска кои ги положија своите животи како шехиди во падот на хеликоптерот, и додаде: „Во свое име и во име на Турскиот совет, од семоќниот Алах посакувам милост за војниците кои ги загубија своите животи во хеликоптерската несреќа. На нивните семејства и на братскиот турски народ им изразувам сочувство, а на повредените им посакувам брзо закрепнување.“
news_share_descriptionsubscription_contact
