Zehra Ulucak
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во голема полициска акција во Колумбија, уништени се 104 лаборатори во кои се произведувал кокаин, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори, уништени се 104 тајни лаборатории во кои годишно се произведувале околу 100 тони кокаин. Лабораториите се пронајдени во шумите на југоисточниот дел на земјата.
На тоа подрачје дејствуваат Револуционерните вооружени сили на Колумбија (FARC), а нивните водачи негираат каква било поврзаност со трговија со дрога.
Во ноември 2012 година, во Хавана почнаа тригодишните преговори меѓу Владата и ФАРК.