Gökhan Ergöçün
29 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Градовите заземаат само 3 отсто од Земјината површина, додека трошат 75 отсто од природните извори, истакна турскиот министер за животна средина и урбанизам, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Градовите во светот генерираат 80 отсто парични средства, 90 отсто од иновативните активности и 50 отсто од вкупниот отпад“, изјави Мурат Курум на Самитот Турција 2023 во Истанбул.
Тој напомена дека светската популација до 2050 година се очекува да достигне 9,7 милијарди, а 63 отсто од оваа популација ќе живее во градовите, што ќе претставува 91 отсто од целата потрошувачка.
„Во борбата против оваа состојба, светот разговара за еколошки згради, паметни градови, автономни возила, превоз со дронови и нулта-отпад“, додаде Курум.
Големината на 20-те најголеми градови во светот ја надминуваат површината на некои земји, како што се градовите Лондон, Њујорк и Токио, кои се поголеми од Холандија, Јужна Кореја.
„Според проценките на Обединетите нации (ОН), бројот на овие мегалополиси во 2030 година ќе изнесува 41“, потенцираше турскиот министер.
Во однос на целите на Турција поврзани со животната средина, Курум истакна дека земјата има за цел да ги користи природните извори и водата многу поефикасно.