ИСТАНБУЛ (АА) - БУРХАН САНСАРЛИОГЛУ -
Извозниците од Истанбул во изминатиот месец во 210 земји и региони од светот испорачаа производи во вредност од 5,7 милијарди долари, произведени од страна на 27 различни сектори.
Агенција Анадолија (АА), анализирајќи ги податоците објавени од страна на Собранието на извозници на Турција (ТИМ), дојде до податокот дека извозот на Турција во јануари оваа година, во споредба со истиот период минатата година, е зголемен за 2,5 проценти и изнесува 15 милијарди и 48 милиони долари.
Истанбулските компании потпишаа извоз во висина од 5,7 милијарди долари во јануари.
Извозот на компаниите од Истанбул кој минатата година во истиот период изнесуваше 5,6 милијарди долари, оваа година е зголемен за 2,9 проценти и изнесува 5,7 милијарди долари, и покрај ефектите од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Во јануари оваа година компаниите од Истанбул учествуваа со 38,1 % во вкупниот извоз на Турција.
- Најголем дел ѝ припаѓа на индустријата за готова облека и конфекција -
Индустријата за готова облека и конфекција со 17,9 % го зазема најголемиот удел од извозот на компаниите од Истанбул во јануари. Извозот на производи на компаниите од Истанбул кои дејствуваат во споменатиот сектор минатиот месец е намален за 0,3 % во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 1,03 милијарди долари.
И покрај ова намалување, овој сектор го задржа своето лидерство во извозот направен од Истанбул. Во истиот период, други сектори од Истанбул што извезуваат најмногу производи беа индустријата за хемиски супстанции и производи со 915.928.000 долари и секторот за челик со 555.980.000 долари.
Од Истанбул се извезени производи од индустријата за електрика и електроника во висина од 485.889.000 долари, железото и обоените метали (399.464.000 долари), од автомобилската индустрија (399.332.000 долари), накитот (308.962.000 долари), текстилот и текстилните суровини (296.485.000 долари), од истанбулската индустрија за машини и делови (229.385.000 долари) и од индустријата за мебел и производи од шумарството (180.456.000 долари).
- Најголем раст на извозот има во секторот за украсни растенија и производи -
Забележано е дека во јануари извозот на компаниите од Истанбул е зголемен во 12 сектори, а намален во 15 сектори. Сектори кои остварија раст во продажбата кон странство се индустријата за украсни растенија и производи, одбранбената и авијациската индустрија, свежото овошје и зеленчук, хемиските супстанции и производи, лешниците и производите од лешници, железото и обоените метали, накитот, производите од индустријата за електрика и електроника, машини и делови, индустријата за климатизација, за текстил и текстилни суровини.
Меѓу овие индустрии, компаниите од Истанбул што дејствуваат во секторот за украсни растенија и производи во јануари остварија најголемо зголемување на својот извоз, 52,8 %.
Извозот во секторот на украсни растенија и производи од 477 милиони долари во јануари 2020 година е зголемен на 729 милиони долари во истиот период од оваа година.
Во истиот период, сектор во Истанбул кој доживеа најголем пад во извозот е индустријата за бродови и јахти. Извозот на овој сектор од 54.139.000 долари во јануари минатата година, во истиот период оваа година е намален за 54,4 % и изнесува 24.674.000 долари.
- Германија е најголем пазар -
Во јануари Германија беше најголемиот пазар на компаниите од Истанбул. Германија, која зазема значајно место во извозот на Турција, во јануари за 3,8 % го зголеми увозот од компаниите од Истанбул во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 594.276.000 долари.
По Германија, следуваат Велика Британија со 325.665.000 долари, Италија со 301.283.000 долари, САД со 274.007.000 долари, Шпанија со 265.461.000 долари, Франција со 244.249.000 долари, Израел со 208.280.000 долари, Холандија со 152.365.000 долари, Ирак со 141.660.000 долари, Полска со 118.466.000 долари, како едни од најголемите пазари на компаниите од Истанбул.
Во наведениот период, земјата со најголем раст на увоз од Истанбул според квантитетот е Либан со 80,8 милиони долари. Следуваат САД со 65,2 милиони долари, Швајцарија со 49,8 милиони долари, Франција со 49 милиони долари и Хонгконг со 42,5 милиони долари.
Од друга страна, многу е значаен фактот дека компаниите од Истанбул кои дејствуваат во 27 сектори, во јануари ги извезоа своите производи во 210 земји и региони од светот.
news_share_descriptionsubscription_contact
