Група Г20: Светските лидери мора да им пружат подолгорочна економска помош на бегалците
Светските лидери мора да вложат поголеми напори и да пружат подолгорочна економска помош на бегалците групата Г20 ?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
АнталијаАНТАЛИЈА (АА) – Светските лидери се заложија да ги поддржат развојните програми во сириските соседски земји каде што се згрижени мнозинството сириски бегалци. Групата Г20, вклучувајќи ги и групите Бизнис 20, Цивилно општество 20, Работа 20, Аналитичките центри и академии (Т20), Жени 20 издадоа заедничка изјава во врска со бегалците во пресрет на лидерскиот самит на Г20 во турскиот град Анталија.
Тие ги повикаа лидерите на Г20 да „одат подалеку“ од само пружање хуманитарна помош како и обезбедување подолгорочна економска поддршка на бегалците и на народите кои им се домаќини.
„Г-20 е во најдобра позиција да обезбеди таква поддршка со оглед на својот состав, геополитичка и економска моќ , и да се фокусира на економската координација", кажа генераленот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати ( ITUC), Шаран Бароу, во соопштението на Самитот на Г-20 во Анталија.
Групата рече дека лидерите на Г20 треба да ги насели бегалците, да им даде поддршка на интернационалните институции за создавање работни места за нив, зголемување на фондовите за нивните потреби како и за програмите за социјална заштита во земјите домаќини како и инвестирање во основните општествени услуги, вклучувајќи го образованието и здравјето.
Зголемувањето на насилството на Блискиот Исток, Африка и Авганистан натера голем број бегалци да пребегаат во соседните земји како Турција, Либан, Јордан и Пакистан, кои се борат да се справат со големиот миграциски прилив и бараат меѓународна поддршка.
Агенцијата за бегалци при ОН брои над четири милиони регистрирани бегалци во камповите во Турција, Либан, Јордан, Египет и Ирак.
Турција потроши 8,5 милијарди долари за сириските бегалци, околу 1 процент од турскиот бруто домашен производ (БДП), од 2011 година; земјата рече дека Европската унија и другите земји во развој не успеаа во поделба на товарот. Турција е домаќин на лидерите на најсилните 20 економии во светот, на 10-тиот Самит, во југозападната провинција Анталија, во недела и понеделник, на кој ќе се разговара за светските најголеми политички и безбедносни кризи, вклучувајќи ја Сирија како и масовната миграција на бегалците.