?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – За време на Самитот на Г20 во Анталија американскиот и рускиот претседател, Барак Обама и Владимир Путин разговараа за време на една 35-минутна пауза, а една од темите на разговорот беше состојбата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
За спомнатиот разговор помеѓу Обама и Путин на маргините од Самитот Г20 за АА коментираше неименуван функционер од Белата куќа, кој рече дека средбата помеѓу двата лидери беше многу “конструктивна“.
Истакнувајќи дека поголемиот дел од разговорот поминал во размена на ставови за напорите во насока на спречување на војната во Сирија, неименуван американски дипломат кажа дека Обама и Путин се согласни дeка таа тема стана уште поитнa по терористичкиот напад во Париз.
“Лидерите укажаа на успешна идеја од преговорите во Виена и неопходноста на продолжување на дијалогот помеѓу сириската опозиција и режимот со посредноство на ООН, а за стопирање на судирот. Согласни се и за неопходноста од покренување на процесот на политичка транзиција во Сирија. Обама во оваа прилика кажа дека руските воени активности во Сирија треба да се фокусираат на борбата против Даеш“ , изјави дипломатот.
Истиот извор наведува дека Обама и Путин разговарале и за состојбата во Украина,а дека Обама кажа дека ја подржува импементацијата на Договорот од Минск, со кој се предвидува повлекување на странските војници од Украина, повлекување на тешкото оружје од фронтовите и контрола на целата украинска територија од страна на владата во Киев.
Обама ја искористил приликата да му изрази сочуство на Путин и рускиот народ поради неодамнешната трагична авионска несреќа во Египет.