Furkan Naci Top
14 Ноември 2018•Ажурирај: 15 Ноември 2018
АТИНА (АА) - Вработените во јавната администрација во Грција одржуваат 24-часовен штрајк со барање да се укинат мерките за штедење и зголемување на платите, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчките државни службеници по повик на Федерацијата на вработени од јавната администрација (ADEDY) одржаа протест во грчкиот главен град, Атина.
Илјадници службеници и работници маршираа кон зградата на грчкиот Парламент, со цел да им бидат исплатени одбитоците во рамки на мерките за штедење и да им бидат зголемени социјалните права.
Како резултат на штрајкот, настана и прекин на услугите од јавната администрација, општинските услуги, како и услугите во болниците.
Синдикатите бараат повторно да се зголемат платите кои се намалени околу 40 отсто, исплата на одбитоците во рамки на мерките за штедење и зголемување на пензиите.
Откако пакетот за спасување, кој траеше осум години, заврши во август, грчката Влада вети дека ќе намали некои даноци, како и дека ќе ја зголеми минималната плата.
Но, администрацијата на Атина треба да добие одобрение од кредиторите на кои им должи поради буџетската дисциплина што ја вети, со цел да ги направи овие чекори.
Грчкиот Парламент претходно ја усвои регулативата која предвидува исплата на 820 милиони евра за вработените од јавна администрација од некои стручни сектори.