Büşra Nur Bilgiç Çakmak
23 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
АТИНА (АА) - Прелиминарните разговори меѓу Турција и Грција ќе започнат наскоро, соопшти денес грчкото Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Грција и Турција се сложија наскоро да ја одржат 61-та рунда прелиминарни разговори во Истанбул“, се наведува во соопштението на Министерството.
60. рунда, последната од прелиминарните преговори започнати меѓу двете земји во 2002 година, се одржа во Атина на 1 март 2016 година. По овој датум, преговорите меѓу двете земји продолжија во форма на политички консултации, но не се вратија во прелиминарната рамка.