Corey Blackman
16 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
САНТО ДОМИНГО (АА) - Данило Медина го доби вториот четиригодишен мандат за претседател на Доминоканската Република. Според прелиминарните резултати, за Медина на изборите одржани вчера гласаа 62 отсто од избирачите, пренесува Anadolu Agency (АА).
Победата на Медина на изборите значи и консолидација во редовите на Доминиканската ослободителна партија која е на власт од 2004 година.
Во претседателската трка на Медина главен конкурент му беше кандидатот од Модерната револуционерна партија, Луис Абинадер, кој освои 36 отсто од гласовите.
Синоќа пред полноќ, изборната комисија ги преброи гласовите од 25 отсто од избирачките места. Соопшти дека изборите поминаа во најдобар ред, меѓутоа постојат и оние коишто тврдат дека имало случаи на купување на гласови и водење на кампања пред избирачките места.
Најмалку едно лице е убиено а четири се ранети во тепачка помеѓу приврзаниците на Доминиканската ослободителна партија и нивните противници.
Во изборите учествуваа 26 политички партии, а право на глас имаа околу 6,7 милиони бирачи. Се избираа 190 пратеници, 32 сенатори, 158 градоначалници и 1.164 советници.