Nuri Aydın
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
ЊУ ДЕЛХИ
Во пожарот што избувна во еден магацин во Њу Делхи, главниот град на Индија, животот го загубија 9 лица, а најмалку 3 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во гратчето Кирари, кое се наоѓа во подрачјето на главниот град, избувнал пожар кој по 3 часа е ставен под контрола. Во пожарот животот го загубија 9 лица, а 3 се повредени.
Засега не се знае причината за пожарот кој избувнал во раните утрински часови.
Во веста се вели дека станува збор за втор по големина пожар во Њу Делхи во текот на овој месец.
Во пожарот што избувна во фабрика на почетокот од месецот животот го загубија 43 лица.