Sarp Özer
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
АНКАРА
Техничките состаноци, шести по ред, меѓу воените делегации на Турција и Грција денес ќе започнат во 13:00 часот по ЦЕТ (централно европско време), известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, донесена е одлука по средбата меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, да започнат техничките состаноци меѓу воените делегации на Турција и Грција, на кои ќе стане збор за „Процедурите на раздвојување“.
Се дознава дека е планирано шестите технички состаноци во седиштето на НАТО денес да започнат во 13:00 часот по ЦЕТ.