Gülşen Topçu
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Меѓународно признатата Влада за национално единство на Либија соопшти дека во судирите во главниот град Триполи убиени се 10 припадници на милицијата на генералот пучист, Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Владата за национално единство, Мухамед Кунуну, во изјавата дадена во медиумскиот центар на операцијата „Буркан ал-Гадаб“ рече дека милицијата на Хафтар, поддржана со 4 тенка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се инфилтрирале на мостот „Ел Фурусије“, што се наоѓа на патниот правец кон аеродромот во Триполи.
Кунуну истакна дека во судирите помеѓу владините сили и милицијата на Хафтар убиени се 10 припадници на милицијата на Хафтар, а исто така уништени се 12 воени возила.
На 4 април, Хафтар, кој командува со силите со седиште во источна Либија, нареди започнување операција за заземање на главниот град Триполи и тврдеше дека тоа ќе го направат за 48 часа.
Потоа, единиците на Владата за национално единство ја започнаа операцијата „Буркан ал-Гадаб“.