Gorana Jakovljevic
02 Мај 2023•Ажурирај: 04 Мај 2023
ПОКРОВСК (АА) - Во Украина продолжува евакуацијата на цивилите од округот Покровск, а возот што минува низ Покровск ги вози цивилите на побезбедни подрачја, известува Анадолу.
На старите и изнемоштени лица на железничката станица во Покровск им помагаат волонтери и работници на итната помош, за да можат со воз да отпатуваат во правец на Лавов.
Според податоците што ги објавија Обединетите нации, во војната меѓу Русија и Украина досега се убиени 8.574 цивили, додека 14.441 лице се ранети.