Emre Gürkan Abay
03 Мај 2023•Ажурирај: 04 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Пожарот избувнал во магацин за нафта во подрачјето на Краснодар во Русија, известува Анадолу.
Венијамин Кондратијев, гувернер на областа Краснодар, потврди дека пожарот избувнал во магацин за нафта во регионот.
Тој информираше дека во тек е гаснење на пожарот што зафатил површина од 1.200 квадратни метри и додаде дека нема повредени ниту загинати.