Bakir Tiro
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Ајфеловата кула синоќа 30 минути пред полноќ беше евакуирана, откако вооружен маж се обиде да изврши напад, соопштено е од полицијата, јавуват медиумите во Франција.
Машкото лице е фатено и однесено на испитување. Обвинителството отвори истрага, пренесува Anadolu Agency (AA).
Деталите за обидот за напад засега не се познати. Подетални информации за спречувањето на новиот напад во Париз се очекуваат во текот на денот.