Ekipa
12 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со евалуацијата дали лекот Ронаприв, кој се користи против Ковид-19, може да се промовира во Европската Унија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лекот, коразвиен од американската компанија „Риџенерон Фармасеутикалс“ и швајцарската фармацевтска компанија „Рош“, е наменет за лекување и спречување на Ковид-19 кај лица над 12 години.
„ЕМА ќе ги процени придобивките и ризиците од Ронаприв под намалена временска рамка и ќе даде мислење во рок од два месеци“, се вели, објаснувајќи дека тие веќе направиле претходна проценка таканаречена „тековен преглед“ врз основа на податоците добиени од лабораториските и истражувањата врз животни, како и клиничките испитувања.
Лекот е направен од комбинација на две моноклонални антитела, касиривимаб и имдевимаб, направени да го препознаат и да се прицврстат на спајк-протеинот на вирусот Ковид-19.
Пациентите можат да примаат Ронаприв преку инфузија во вена или со инјекција под кожата.