Ekip?
15 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија ги продолжи за шест месеци санкциите што се однесуваат на поединци и субјекти кои се вклучени во она што Унијата го смета за нелегална анексија на Крим, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжувањето на санкциите службено е објавено денес, а се однесува на замрзнување на имотот и забрана за пристап во ЕУ, што вклучува 146 поединци и 37 субјекти.
Мерките што за првпат беа воведени во 2014 година, последен пат беа продолжени во март оваа година, соопштено е од Европската Унија. Најновата одлука ја поддржаа претставниците на сите 28 земји-членки на Унијата, што значи дека санкциите ќе останат на сила до март 2017 година.
Лидерите на Европската Унија силно ја осудија руската анексија на Крим. За луѓето и субјектите што се опфатени со санкциите на ЕУ се смета дека работеле против територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.