Rustam Mikayilli
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
ВИЛНУС (АА) - Во насока на долгорочно решавање на бегалската криза во Европа, Литванија упати повик до земјите-членки на Обединетите нации (ОН), во кој се вели дека е потребно тие врз себе да земат дел од одговорноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите, во главниот град Вилнус се сретна со Генералниот директор на канцеларијата на ОН во Женева, Мајкл Милер. На средбата станало збор за бегалската криза, климатските промени и состојбата во Украина, Грузија и во Сирија.
Грибаускаите во изјавата за медиумите, по состанокот, рече дека за да ѝ се помогне на Европа во врска со бегалската криза, и апелираше до ОН.
„ОН треба да сфатат дека бегалската криза не е обврска само на Европа, туку дека тоа е обврска на целиот свет. Без заеднички напор, овој проблем нема да биде надминат. Во насока на долгорочно решавање на бегалската криза во Европа, потребно е земјите-членки на ОН да преземат дел од одговорноста“.
Претседателката Грибаускаите истакна дека е потребно меѓународната задница да ги обедини своите сили за да ги надмине проблемите.
Претседателката Далија Грибаускаите соопшти дека ќе учествува на седницата на Генералното собрание на ОН, закажана за 21 септември во Њујорк, каде што со високи меѓународни претставници ќе зборува на темите за правата на жените и насилството врз жените.