?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
Европската унија (ЕУ), објави дека до крајот на 2016 година се очекува во 28 земји-членки на Унијата влезот на мигранти да достигне до три милиони, јавува Anadolu Agency (АА).
Само годинава во земјите на ЕУ влегле повеќе од 700.000 луѓе кои бараат засолниште или работа. Во септемвриските економски прогнози на ЕУ, кои беа објавени во четвртокот, а врз основа на сегашниот интензитет на влезот на бегалците и "техничките претпоставки" за наредните случувања, се наведува дека не е возможно да се очекува намалување на приливот на мигранти пред 2017 година
Европската комисија претпоставува дека до крајот на годинава во ЕУ Ќе дојдат уште три милиони луѓе.
Од Комисијата истакнаа дека мигрантската криза предизвикала многу трошоци во земјите од Еврпоската Унија, но дека тоа би можело да има и позитивен ефект врз европската економија во рок од неколку години.