?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) - На околу 40 километри североисточно од Дакар, главниот сенегарски град, се простира единственото езеро кое по многу работи е природен феномен и еден од изворите на приходи на тамошните граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Езерото се протега на три квадратни километри, и содржи висока концентрација на сол, а соленоста во некои делови на езерото надминува 40 проценти.
Голем број на Сенегалки секојдневно работат во езерото од каде ја црпат сол, која подоцна ја продаваат и ја користат за конзервирање на риба.
Процесот на собирање на сол од езерата е ист со години. Жените стоејки во водата со дрвен четки го стругаат дното а подоцна во дрвени садови го пренесуваат до брегот. Како би си ја заштитиле кожата од високата концентрација на сол тие користат путер од ореви.
Бојата на езерото е исто така специфична. Бојата на водата е посебно изразена во сушниот период кога површината на езерото е целосно розова.
Оваа боја потекнува од алгата Даналиела салина која произведува розов пигмент и живее во исклучително солени води.