Ömer Aydın
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
СТРАЗБУРГ (АА) - Европскиот парламент (ЕП), во согласност со договорот постигнат во 2015 година меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција, ја одобри финансиската помош од 500 милиони евра кои ќе се користат за трошоците за образованието на сириските ученици, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералното собрание на Европскиот парламент се собра во Стразбур, каде што беше изгласан извештајот околу оваа помош.
Извештајот подготвен од страна на Зигфрид Мурешан, член на ЕП од Романија, предвидува финансиска поддршка од 500 милиони евра, со цел покривање на платите на 5.000 наставници за продолжување на образованието на над 300.000 сириски деца во Турција.
Извештајот беше изгласан со 548 гласа, 70 пратеници гласаа против, а 61 беа воздржани.
Советот на ЕУ, со одлука која ја донесе во 2015 година соопшти дека ќе понуди финансиска помош од 3 милијарди евра во периодот од 2016 и 2017 година, додека на 14 март 2018 година го изрази мислењето за зголемување на оваа бројка за уште 3 милијарди евра во периодот од 2018 и 2019 година.
За фондот создаден за сириските бегалци во Турција, од буџетот на ЕУ ќе се обезбедат 2 милијарди евра, а од буџетот на земјите членки на Унијата, 1 милијарда евра.