Ömer Tuğrul Çam
21 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
БРИСЕЛ
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) заклучи дека поранешниот руски шпион Александар Литвиненко, кој беше засолнат во Велика Британија, е отруен од руски агенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ЕКЧП ја објави својата одлука за случајот на Литвиненко, убиен во Велика Британија во 2006 година.
Судот соопшти дека несомнено е дека атентатот врз Литвиненко е реализиран од руските агенти Андреј Луговој и Дмитриј Ковтун.
Во одлуката се нагласува дека двајцата руски агенти немале можности сами да ја набават отровната супстанција, и дека има индиции дека Луговој и Ковтун се насочени и контролирани од руските власти.
ЕСЧП, исто така, соопшти дека Русија не успеала да спроведе ефективна внатрешна истрага што ќе ја открие вистината за смртта на Литвиненко и ќе ги казни одговорните.
- Труење на Литвиненко
Александар Литвиненко, поранешен агент на КГБ кој работел за Британската разузнавачка служба (МИ6), почина во 2006 година на 43-годишна возраст, откако беше отруен со радиоактивен полониум-210 помешан во неговиот чај во хотел во Лондон.
Утврдено е дека Литвиненко се сретнал со Лугојов и Ковтун три пати пред неговата смрт и било објавено дека остатоците од отровната полониумска супстанција се пронајдени во хотелската соба во која престојувале овие две лица.
Русија одби да ги испорача атентаторите, чии идентитети се идентификувани од страна на Велика Британија, а инцидентот предизвика тензија во односите меѓу двете земји.
Во извештајот подготвен од независната комисија што ја спроведува истрагата за смртта на Литвиненко во Велика Британија, се наведува дека полониум-210 се произведува само со државни капацитети и е заклучено дека Литвиненко е отруен од двајца поранешни руски агенти.
„Операцијата на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) во која загина Литвиненко најверојатно е одобрена од претседателот на ФСБ, Николај Патрушев, и од претседателот Путин“, се наведува во извештајот.