Ata Ufuk Şeker
24 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот суд ја поништи одлуката на Европската комисија (ЕК), односно даночната казна изречена на „Старбакс“ (Starbucks), американскиот ланец кој продава кафе, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред Општиот суд на ЕУ со седиште во Луксембург завршен е процесот по тужбата на „Старбакс“ против Европската комисија.
Европската комисија претходно донесе одлука според која „Старбакс“ имаше нелегални привилегии на намален данок во Холандија, но Европскиот суд ја поништи таа одлука.
Во одлуката се наведува дека договорот меѓу „Старбакс“ и холандските власти, кој на компанијата ѝ овозможува плаќање на намален данок, не спаѓа под нелегална јавна поддршка.
Европската комисија во 2015 година донесе одлука дека даночите олеснувања кои се пружаат на американскиот ланец за кафе во Холандија се незаконски и дека „Старбакс“ поради тоа треба да плати казна во вредност од 30 милиони евра. „Старбакс“ и Холандија потоа поднесоа тужба против Европската комисија.