Ekip
01 Јули 2022•Ажурирај: 03 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Европскиот суд за човекови права денеска ѝ наложи на Русија да ги заштити правата на украинските воени затвореници кои наводно се чуваат во нејзин притвор и да им обезбеди соодветна медицинска помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Судот донесе привремена мерка во случајот на Јарослав Анатолијович Олијниченко, украински војник кој наводно е заробен од руските сили, со наредба на Москва да „обезбеди почитување на правата на г. Олијниченко од Конвенцијата и да му обезбеди медицинска помош доколку има потреба од тоа“.
Судот побара од руската Влада во рок од една недела да потврди дали Олијниченко е заробен и под кои услови.
Наредбата на судот дојде откако неговата сопруга Карина Павлива Олијниченко поднесе барање во кое се тврди дека Олијниченко, заменик-командант на неговата единица, бил фатен во Мариупол и мачен од руските сили во логор за воени заробеници.
„Привремената мерка со која се бара итна акција е проширена на слични случаи на украински воени затвореници во руски притвор во кои се обезбедени доволно докази кои покажуваат дека тие се соочуваат со сериозен и неизбежен ризик од непоправлива повреда на нивниот физички интегритет и/или право на живот“, се вели во пресудата.