Aida Cako
18 Декември 2025•Ажурирај: 19 Декември 2025
БРИСЕЛ (АА) – Земјоделци од повеќе европски земји вчера се собраа во Европскиот кварт во Брисел, во пресрет на големиот европски земјоделски протест против трговскиот договор меѓу Европската Унија (ЕУ) и Меркосур, планиран паралелно со состанокот на Советот на Европската Унија, јавува Анадолу.
Демонстрантите почнаа да се собираат во близина на институциите на ЕУ.
Фламански земјоделци запалија неколку огнови на плоштадот Луксембург, кој се наоѓа пред Европскиот парламент.
Протестот е насочен против договорот со Меркосур, за кој земјоделците сметаат дека ќе има негативни последици врз европското земјоделство, особено поради, како што наведуваат, нерамноправната конкуренција и пониските стандарди за производство во земјите од јужноамериканскиот блок.