Murat Tan
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
КАИРО (АА) - Судот во Египет, како дел од три одделни судски случаи поврзани со немирите за време на „Револуцијата на 25-ти јануари" во оваа земја, осуди 127 лица на затворски казни од пет до 25 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од судските извори, 127 луѓе во Египет беа осудени за виновни поради кривични дела за учество во насилство, а беа осудени на казна затвор од пет до 25 години. Осудени се и со парична казна од 20.000 египетски фунти (околу илјада долари).
Воениот удар на 3 јули 2013 година, го собори првиот египетскиот претседател Мохамед Морси, кој се наоѓа во притвор и е обвинет за серија кривични дела. Морси не го признава судот основан под привремена недемократска воена власт.
Египет е погоден од немирите по падот на претседателот Морси во 2013 година, а египетските судови на смртната казна осудија стотици поддржувачи на Муслиманското братство во последните месеци.
Египетски воени власти, исто така го прогласија Муслиманското братство за „терористичка организација", поради ширење на насилство.
Движењето на Муслиманското братство ги отфрла овие обвинувања, тврдејќи дека се посветени на мирољубив активизам.