Meryem Kasım
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
КАИРО (АА) - Во бомбашки напад на две возила на припадниците на безбедносните сили, во северниот дел на Синај, во Египет, загинаа двајца полицајци а двајца се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил во местото Бир Ал-Абд, а преземени се сите безбедносни мерки со цел да се установи дека нема други експлозивни направи во близина на местото на нападот.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападот, ниту пак властите на Египет дадоа соопштение врзано за нападот. На тоа подрачје делуваат неколку вооружени групи кои се доведуваат во врска со терористичката организација ДАЕШ.
Египетската војска и безбедносните служби од септември 2013 година водат различни операции против терористите кои тврдат дека „организираат напади чија мета се припадниците на безбедносните сили”.