Hamdi Yıldız
22 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
КАИРО
Египетското правосудство одлучило да ослободи десетици притворени членови на Организацијата „Муслиманско братство" (Ихван) во северниот град Александрија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од сигурни извори на „Муслиманско братство“, кои не сакаат да бидат именувани, уапсените членови сѐ уште не се ослободени, но ситуацијата ќе стане јасна во следните неколку часа.
Во однос на ова прашање сѐ уште нема информација од страна на египетските власти.
Во вторникот, египетското Министерство за внатрешни работи објави дека 1.686 затвореници се ослободени по повод месецот Рамазан со помилување на претседателот.
Во соопштението не беа наведени имињата на ослободените, но нема информации дали станува збор за политички затвореници или не.
Египетската администрација по воениот удар во земјата во декември 2013 година, „Муслиманско братство" (Ихван) го прогласи за терористичка организација.