Mahmoud Barakat
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
КАИРО (АА) - Египетскиот воен суд осуди 17 лица на доживотен затвор, меѓу кои и познатиот исламски научник Јусуф ел-Карадави, јавува Anadolu Agency (AA).
Пресудата на Ел-Карадави, како и уште шест лица, беше донесена во отсуство бидејќи не присуствуваа на судењето.
Египетскиот воен суд, исто така осуди осум лица на смртни казни, од кои четворица беа отсутни, поради наводна вмешаност во насилните настани во 2015 година.
Се наведува дека во спомнатите насилни настани спаѓа и убиството на полицаец во Каиро.
Ел-Карадави е обвинет за „поттикнување убиство", „ширење лажни вести" и „уништување на јавна сопственост".
Судот издаде ослободителна пресуда за 26 лица во истиот предмет, вклучувајќи и четири високорангирани членови на забранетото Муслиманско братство.
Можно е да се поднесе жалба против горенаведените пресуди.
Египет се соочуваше со насилни протести од средината на 2013 година, кога Мохамед Морси, првиот демократски избран претседател на Египет и лидер на Муслиманското братство, беше соборен и уапсен во воен удар.