Bahtiyar Abdukerimov
08 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
ТАШКЕНТ (AA) - Езан од џамиите во Узбекистан по речиси 10 години повторно се пушта преку разглас, јавува Anadolu Agency (AA).
Така езанот во џамиите и месџидите во оваа азиска земја од сега ќе може да се чуе и од подалечните места.
Верските претставници на состанокот кој на 26. октомври е одржан во Ташкент, расправаа за тоа езанот во земјата да се учи преку разглас.
Потоа е донесена одлука во главниот град на Ташкент и другите градови во земјата езанот од џамиите да се учи токму на тој начин.
Според локалните медиуми, езанот од џамиите во земјата од сега ќе биде пуштан преку разглас.
Инаку, претходно разгласот во земјата е користен за учење на езан и Куран само во текот на месец Рамазан, Курбан Бајрам и терави намаз.
Во другите пригоди разгласот не е користен, а езанот можеше да се слушне само во рамките на џамијата.
Во Узбекистан во последните години повик на молитва (езан) преку разглас беше забранет бидејќи официјалните власти тврдеа дека во секуларна држава не може да се пушта езан преку разглас.
Во Узбекистан, според неофицијални податоци, се наоѓаат преку две илјади џамии и месџиди. Во таа земја живеат 32,9 милиони жители, од кои 79 отсто се муслимани.