Atilla Hancı
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
МАДИГУРИ (АА) - Најмалку 22 лица загинаа, а 17 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во џамија во североисточниот дел на Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на нигериската цивилна одбрана, Абдул Мухамед, изјави дека нападот бил извршен во една џамија и дека меѓу 17-те повредени има неколку животно загрозени лица.
Очевидци тврдат дека нападот го извршила жена која во внатрешноста на џамијата го активирала експлозивот кој го носела на себе, додека верниците извршувале молитва.
Полицијата трага по едно лице за кое се сомнева дека е поврзано со овој напад и дека по експлозијата избегало од местото на настанот.
Денешниот напад е прв напад по 28-ми декември минатата година, кога терористите на Боко Харам во серија напади убија најмалку 50 луѓе.