Enes Duran
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
ПЕДЕРНАЛЕС (АА) - Свлечиштата настанати поради обилните врнежи во Еквадор оневозможуваат достава на хуманитарната помош предвидена за подрачјата погодени од земјотресот, јавува Anadolu Agency (AA).
Еквадор на 16-ти април беше погоден од земјотрес со јачина од 7,8 степени, а само неколку дена подоцна земјата ја погоди земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер. Во овие земјотреси загинаа над 650 лица, додека 17,000 лица беа повредени.
Педерналес е еден од градовите во Еквадор кој претрпе најголеми загуби и штети по овие елементарни непогоди. Во тој град загинаа 165, а повредени се три илјади луѓе.
Во Педерналес поради земјотресите срушени се 80 отсто од куќите, а на преостанатиот дел од стамбени и други објекти потребни им се значајни поправки.
Свлечиштата се нов проблем со кои се соочува населението по земјотресот. По обилните врнежи, патиштата помеѓу градовите Кито и Педерналес станаа непроодни и опасни. Поради тоа, се формираат колони долги неколку километри, а помошта во просек доцни и до шест часа.
Активистот Френк Саенз де Витези од САД рече дека се обидуваат да достават помош на северниот брег на земјата и дека е неопходно што е можно побрзо доставување на хуманитарната помош за населението погодено од елементарната непогода.
Тој додаде дека волонтерите и другите членови на хуманитарните организации, меѓу кои и Црвен крст, мора да поминуваат по опасните патишта. Витези ги повика властите да сторат нешто по тоа прашање.