Mahmut Atanur
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска го потресе северниот дел на Тајван, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки центар соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран 114 километри североисточно од главниот град на Тајван, Тајпеј, на длабочина од 243 километри.
Земјотресот се случил во 13:23 часот по локално или 05:23 часот по средноевропско време.
Тајванската централна новинска агенција објави дека во земјотресот нема човечки жртви ниту материјална штета, но дека населението е во страв од нови потреси.
Локалната Метеоролошка станица измери дека земјотресот бил со јачина до 7.2 степени според Рихтеровата скала. Во февруари во земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала загинаа најмалку 117 луѓе а беа девастирани цели квартови и населби.