Mohamad Misto,Daniel Gallego
12 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ХОМС (АА) - Најмалку 15 лица смртно страдаа, а 30 се повредени во експлозија на автомобил бомба во сирискиот град Хомс, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори наведуваат дека автомобилот на кој беше монтирана бомбата експлодираше во близина на болницата Ел-Ехли која се наоѓа во делот на Хомс под контрола на силите на сирискиот режим Башар ал-Асад.
Според прелиминарните податоци, загинаа 15 лица, а повредени се 30 и постои загриженост дека бројот на мртвите би можел да биде зголемен.
Експлозијата нанесе голема материјална штета на поширокото подрачје.