Adam Abu-bashal
09 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
АБУЏА
Во западноафриканската држава Нигерија настана експлозија на дел од нафтовод. Во експлозијата животот го загубија 7 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на нигериската Национална нафтена компанија (NNPC), Кени Обатеру, објави писмено соопштение во кое информира дека во подрачјето Гбетиокун на територијата низ која минува реката Бенин настанала експлозија на дел од нафтоводот.
Обатеру истакна дека во експлозијата загинале 7 лица, а има и голем број ранети.
Информирајќи дека на местото на несреќата се испратени спасувачки екипи, Кени Обатеру наведе дека е започната истрага во врска со настанот.