Adem Şalvarcıoğlu
31 Август 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
САУН ПАУЛО (АА) - Седум лица починаа во епидемијата на мали сипаници во Бразил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, од почетокот на годината 1.500 лица биле заболени од мали сипаници во земјата, а досега починаа седум лица.
Од ова министерство соопштија дека е забележано мало учество во програмата започната минатата недела, која предвидува вакцинирање на децата од една до петгодишна возраст, и дека 4,1 милиони деца не се вакцинирани.
Се вели дека епидемијата најмногу се појавила во бразилските сојузни држави Рораима и Амазон, кои се наоѓаат на границата со Венецуела.