Gökhan Kavak
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Најмалку 745 лица починаа во епидемијата на менингитис, која на почетокот од минатиот месец ја погоди Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за контрола на здравството во Нигерија соопшти дека досега се хоспитализирани 8.057 заболени лица, а 745 пациенти починале.
Министерот за здравство на Нигерија, Исак Адевол, ги повика на вонреден состанок сите ресорни надлежни лица на земјата да ги координираат активностите за борба против епидемијата којашто погоди 26 од 36 области на земјата.
Министерството за здравство соопшти дека е потребна помош во вредност од милион долари за спроведување на потребните мерки за борба против епидемијата.
Последната епидемија на менингитис во Нигерија е забележана минатата година, кога починаа 33 заболени лица, а една година претходно епидемијата однесе најмалку 131 живот во земјата.
Менингитисот е болест којашто се карактеризира со воспаление на мозочната обвивка и на 'рбетниот мозок.
Може да биде предизвикан од вируси, бактерии, габички и од иритирачко дејство на хемиските супстанции. Се лекува исклучиво со хоспитализација, а терапијата зависи од предизвикувачот на болеста.