Nilay Kar
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, допатува во работна посета во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган утринава на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ го дочекаа турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, и турските амбасадори во Обединетите нации и Вашингтон, Феридун Синирлиоглу и Сердар Килич.
Пред хотелот во кој е сместен турскиот претседател се собраа поголем број припадници на турската дијаспора, а Ердоган ги поздрави и им се заблагодари на дочекот.
Редовната годишна седница на Генералното собрание на Обединетите нации ќе започне на 24 септември во седиштето на ОН во Њујорк.
Ердоган најави дека во обраќањето на светските лидери ќе ја нагласи важноста за мир во светот.
Тој, исто така, откри дека турскиот дипломат Волкан Бозкир ќе го номинира како кандидат за нареден претседател на Генералното собрание на ОН.