Mahmut Atanur
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди индонезиската покраина Малуку, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Институцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,4 степени бил на отворени води, 165 километри северозападно од местото Саумлаки во оваа покраина, на длабочина од 11 километри.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
Инаку, во земјотресот со јачина од 7,3 степени што на 14 јули го погоди местото Тернате во Малуку, загинаа 6 лица.