Murat Paksoy
15 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека остро ги осудува терористичките напади извршени врз муслиманите што ги вршеле своите обреди во Нов Зеланд, и дека ги проколнува сторителите на овие напади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Ердоган на својот твитер-профил реагираше во врска со терористичките напади извршени врз две џамии во Нов Зеланд.
„Остро го осудувам терористичкиот напад врз џамијата „Нур“ во Нов Зеланд и врз муслиманите што ги вршеле своите обреди тука, а ги проколнувам сторителите. Од Бога посакувам милост за нашите браќа кои го загубија својот живот во нападот, а на повредените им посакувам брзо оздравување“, напиша Ердоган на социјалните мрежи.
Во терористичките напади извршени врз две џамии во градот Крајстчерч животот го загубија 49 лица, а повредени се најмалку 20.