Merve Yıldızalp
28 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, за билатерални и регионални теми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одделот за комуникации при турското Претседателство соопшти дека Ердоган и Бајден разговарале за односите меѓу Турција и САД, како и за голем број регионални теми.
Двајцата лидери разговараа и за претстојниот самит на лидерите на НАТО во Мадрид.
Турскиот претседател Ердоган денес отпатува за Мадрид, а за новинарите во Анкара изјави дека Бајден во разговорот изразил желба да се состане со него во рамките на Самитот на НАТО и дека начелно кажал дека е можна ваква средба вечерва или утре.