Sefa Mutlu
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Тековната војна против Украина беше една од темите во телефонскиот разговор одржан помеѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За време на разговорот Гутереш го информирал Ердоган за неговата скорешна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Развојот на настаните доаѓа два дена откако Гутереш се состана со Ердоган во Анкара и двајцата ја потврдија нивната заедничка цел да се стави крај на војната што започна на 24 февруари.
По состанокот, секретарот на ОН се упати кон главниот град на Русија, по што ќе следуваат разговори во Киев в четврток.
Членката на НАТО, Турција, која има пријателски односи со двете страни, е активно вклучена во дипломатските напори за прекин на огнот помеѓу Русија и Украина. Турција беше домаќин на преговори на ниво на делегација во Истанбул и го повтори предлогот за самит на лидери. Турските функционери, исто така, со нивните колеги разговараат и за прашањето на хуманитарните коридори во Украина.