Barış Seçkin
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
РИМ (АА) - Анџелино Алфано, италијанскиот министер за надворешни работи, изјави дека нема да прифати кршење на човековите права на притворените мигранти во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, во Рим, Алфано им порача на оние што ја критикуваа Италија во врска со ова прашање, да му дадат материјална помош на Рим, наместо да држат лекции.
Како потсетувње, Обединетите нации (ОН) го критикуваа договорот на Италија и на Европската Унија од август оваа година, според кој тие ќе ги обучуваат либиската крајбрежна стража со цел да ги пресретнува бродовите и да ги враќа мигрантите во Либија.
Од ОН во вторникот порачаа дека политиката за обезбедување помош на либиските власти за следење на мигрантите и нивно враќање во притвор е нехумана.
„Италија во поглед на човековите права е првак во светот. Дури и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека Италија ја спасува честа на Европа“, изјави Алфано.
Тој истакна дека неговата земја ќе продолжи да ги прави неопходните напори за да помогне во решавањето на проблемите со мигрантите.
Габриел во изјава за новинарите, коментирајќи ја критиката на ОН во врска со следењето на мигрантите и нивното враќање во притвор во Либија, истакна дека ОН беа во право, додавајќи дека сепак не постои друга опција освен да ја поддржи либиската крајбрежна стража.
„Во спротивен случај, илјадници бегалци би се удавиле во Средоземното Море“, рече Габриел.
Двајцата министри, исто така се осврнаа на односите меѓу Италија и Германија, посочувајќи дека двете земји имаат многу висок степен на трговска размена.