Dmitri Chirciu
17 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
МОСКВА - Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, изјави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговараат за кризата во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Песков во Москва даде изјава за новинарите во која истакна дека продолжуваат интензивните средби меѓу Русија и Турција за разрешување на сириското прашање.
„Се разбира дека во наредните телефонски и директни средби со сигурност ќе стане збор за либиското прашање. Потребно е да се зборува и за либискиот проблем“, нагласи Песков.
Потсетувајќи дека Путин во јануари ќе присуствува на церемонијата за пуштање во употреба на гасоводот „Турски тек“, Песков рече: „Тоа ќе биде добра можност за разгледување на сите тековни прашања. Засега нема планирано некаква друга посета или средба, но работната програма може бргу да се смени.“