Alper Atalay
08 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, упати честитки по повод 8 Септември - Денот на независноста на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ТБММ, по овој повод Шентоп упати честитки до претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.
Шентоп им го честиташе Денот на независноста на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија и на Џафери.
Тој нагласи дека верува оти односите меѓу Турција и Северна Македонија, како и блиската соработка меѓу парламентите на двете земји, во наредниот период уште повеќе ќе се развијат во секоја област, во насока на заедничките интереси на народите на двете земји, и ќе продолжат да придонесуваат во стабилноста на регионот.